
ЕХФ ги казни ракометарите со 2.000 евра за различни чорапи
Македонската ракометна федерација (РФМ) доби казна од Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради проблем со опремата на играчите.
Од македонските играчи „под лупа“ биле: Дејан Манасков, Мартин Велковски, Стојанче Стоилов, Кирил Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски и Филип Лазаров.
Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите на натпреварот со Црна Гора. Претходно 1.000 евра била казната за сличен проблем со опремата на дуелот со Словенија, информираат од РФМ.
Македонија по првите две средби на ЕП во Хрватска има две победи и обезбеден пласман во вториот круг.