Собранието ја почнува кампањата за претстојниот референдум

Од денеска официјално почнува кампањата за претстојниот референдум на кој граѓаните на 30 септември треба да се изјаснат дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција.

Носител на кампањата е Собранието на Република Македонија, а претседателот на парламентот Талат Џафери во петокот најави дека ќе ја водат кампањата транспарентно, непосредно и директно, без дискриминација, предрасуди и со почитување на волјата на секој граѓанин.

Во кампањата на Собранието ќе се вклучат 71 пратеник од сите пратенички групи, со исклучок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која го известила Џафери дека нема да учествува во кампањата и дека бара средствата да бидат потрошени за други цели.

Според најавите денеска треба и ВМРО-ДПМНЕ да ја информира јавноста за свој став околу референдумот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ