Македонија поуспешна од Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација продолжува без грешка со втор триумф од исто толку натпревари во новоформирната Лига на нации за пласман на Европското првенство.  Во второто коло пред своите гледачи ја совлада Ерменија со 2:0 главниот конкурент за првото место во групата четири од најслабата Лига Д.

На „Филип Втори“ арената во Скопје нашиот национален тим поведе со голот на Егзијан Алиоски од пенал во 13 минути откако Горан Пандев беше фаулиран во 16-кот на гостите. Капитенот беше стрелец на вториот гол во 51 минута по одличната асистенција на нововлезениот Александар Трајковски. Пандев го постигна 32 репрезентативен гол.

Македонија третиот натпревар во Лигата на нации ќе го одигра на 13 ти октомври кога ќе му гостува на Лихтенштајн кој вечерва игра против Гибралтар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ