Џонсон: Излезете и искоритете го правото на глас

Ве молам излезете и гласајте, кажете им на вашите лидиери кој е вашиот став за Договорот за името. Со оваа порака американскиот сенатор Рон Џонсон ги повика денеска македонските граѓани да излезат на референдумот, според кого многу силен одѕив е најдобриот начин да се поддржи сопствената нација.

  • Го храбриме секој Македонец да излезе и да гласа. Дали се согласувате или не се согласувате со конечниот заклучок, со Договорот, вие мора да го практикувате вашето право да гласате. И да излезете. Да им покажете на вашите лидери, на храбрите премиери кои дојдоа до решение на тежок проблем, покажете им што чуствувате. Само излезете и гласајте. Тоа е многу важно“, порача американски сенатор, Рон Џонсон.

Џонсон кој е претседавач со сенатската Комисија за државна безбедност и претседавач со ооткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка во Комитетот за надворшени работи на Сенатот, денеска разговараше со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на собранието, Талат Џафери. По средбата во владата Џонсон рече дека целосно затворање на прашањето за името е единствениот начин Македонија да влезе во НАТО. Според него, тоа не е важно само за НАТО, туку е многу важно и за безбедноста за Балканот и за Македонија“.

Сенаторот Џонсон кој е ко-спонзор на Резолуцијата за поддршка на договорот за името во американскиот Сенат, за противењето на Договорот од страна на опозициите и во Македонија и во Грција и изјавите од ВМРО-ДПМНЕ дека тој е штетен за земјава, рече дека во решенијата кои никој не ги сака всушност лежи решението.

  • Само што дојдов од Грција, и таму има многу противење на Договорот. Во американската политика често во решенијата кои никој не ги сака може да ја најдете точката на прифатливо решение“, рече американски сенатор, Рон Џонсон.

Заев на средбата со Џонсон, како што се наведува во соопштението од Владата, го информирал сенаторот дека очекува на претстојниот референдум опозицијата да ја прифати поканата за учество и обединување и дека ќе го повикаат своето членство да излезе и да гласа.

Првиот човек на Собранието, Џафери, посетата на Џонсон ја оцени како континуитете на поддршката од САД за Македонија.

 

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ