
(видео) Шок бомби и солзавец на протестите во Солун
50-тина маскирани демонстранти се судрија со полициските сили во Солун, за време на протестестот против Договорот од Преспа. Ситуацијата ескалираше откако демонстрантите почнаа да фрлаат молотови коктели кон полицијата, која мораше да употреби солзавец и шок бомби за да ги растера и спречи да влезат во зградата од Меѓународниот саем на кој присуствува премиерот Ципрас. Тоа дополнително ги разлути демонстрантите кои продолжија да фрлаат со камења и шишиња.
Демонстрациите се организирани од грчките „Панмакедонски здруженија“ и „Комитетот за борба за Македонија“ кои се противат на договорот од Преспа. Истите се организирани откако во Македонија зачестија посетите на запдните дипломати за поддршка на престојниот референдум.