
27 години независност, Македонија пред нов предизвик на 30-ти септември
По 27 години независност Македонија се соочува со нов предизвик, референдумот на 30 септември кој треба да го одреди патот по кој ќе се движи земјата. Новиот референдум за голем дел од поранешните функционери ја има истата тежина како и првиот од 1991 година. Историјата се повторува само што контексот е поинаков вели поранешниот собраниски спикер Тито Петковски според кој овој референдум го има истото значење како АСНОМ.
Првиот Претседател на Собранието на независна Македонија, Стојан Андов се сеќава на моментот кога се одржувал референдумот на 8 септември, каде и покрај големиот одзив, потајно бил изразуван скептицизам и страв од евентуална војна. Но народот сепак покажал мудрост. 95% од граѓаните што излегле да гласаат позитивно одговориле на прашањето,, Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојзуз на суверени држави на Југославија,,. Андов е убеден дека и овојпат на престојниот референдум граѓаните ќе знаат да донесат правилна одлука.
Поранешниот пратеник Ѓорѓи Бојковски посакува Македонија час поскоро да стане дел од ЕУ и НАТО.
Денот на независноста го одбележаа и Амбасадорите на САД и на Холандија Џес Бејли и Воутер Пломп положувајќи цвеќе на гробовите на поранешните македонски претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.
Јулијана Пешевска