
Столтенберг и во Атина со јасна порака за имплементација на Договорот од Преспа
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и во Атина со истата порака како и кај нас. Договорот во Македонија ќе се имплементира, и грчкиот парламент треба да го ратификува и кај нив, во спротивно би се поткопал националниот кредибилитет на земјата. Тој ова го вели, одговарајќи на прашањето што доколку договорот помине во Македонија, а не во Грција, со оглед на позициите на коалицискиот партнер во грчаката влада Независни Грци, и опозициската Нова Демократија, која отворено е против Догворот, и вели дека нема да го поддржи кога ќе треба да се гласа во парламентот.
- Уверен сум дека ако се гласа ЗА на референдумот во ФИРОМ, тие ќе го имплементираат, бидејќи на сите мои политички средби во Скопје тоа ми беше истакнато. Секако, тоа е демократски процес во двете земји. НАТО не може да присили ниедна земја да направи нешто што не сака, но уверен сум дека договорот ќе се имплементира во двете земји, бидејќи е суштински за националниот кредибилитет кога една земја потпишува договор, а другата страна го исполнува, тогаш двете земји ќе го исполнат договорот. Сѐ друго сериозно би го поткопало националниот кредибилитет на која било од земјите“, вели Столтенберг.
Во однос на тоа што ако се смени власта во Македонија и ги поништи уставните измени, Столтенберг вели дека промената на уставот е сложен процес, но дека при потпишувањето на меѓунбардоните договори секогаш треба да има и малку доверба.
- Не е ништо ново во меѓународните односи, државите да потпишуваат договори базирани на минимална доверба, а ова важи и во конкретниот случај за двете страни. Ако нема доверба, нема начин да постои каков било договор, но и не може да се направи никаков вид на соработка и напредок во односите меѓу земјите, смета Столтенберг.
Во тој случај, вели Столтенберг во кусосот интервју за грчката телевизија Скај, се поткопува соработката со НАТО во изминативе години, која се градела чекор по чекор.
Дека Договорот од Преспа ќе помогне за целиот регион, потврди денеска и грчкиот премиер Ципрас на Меѓународниот саем во Солун. Тој во својот говор вели дека Солун може да го добие статусот трговски лидер во регионот, а за реализирање на оваа визија помага и самиот договор. Ципрас овогодинешниот саем на кој учествува и Македонија го карактеризираше како историски бидејќи е прв во пост меморандумскиот период. Сепак истиот е проселден со протести протести мерките на штедење.
Алиса Шутиноска