Меркел: Не седете дома на 30-ти септември

Со познатата германска прецизност, без минута задоцнување, германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Владата за лично од таму да ја испрати пораката што се очекуваше. Успешен референдум е неопходен за влез на Македонија во Европската унија и во НАТО. Таа го нарече референдумот на 30-ти септември историска шанса и ги повика граѓаните, тој ден да не седат дома.

  • Овој 30-ти септември е историска шанса  и затоа од мој аспект сакам да кажам 8,00 не останувајте дома на ваков историски ден. Искористете ја вашата демократска можност да го кажете она што мислите или она што сакате да го кажете за иднината на вашата земја, порача германската канцеларка. 

За членството во ЕУ и НАТО има уште многу работа, вели Меркел, но предусловот за тоа е успешен референдум. Никој не им се заканува на македонските граѓани со изолација, но канцеларката јасно кажа дека исполнувањето на Договорот од Преспа и прашањето за членство се поврзани. Не сака да размислува за варијанта, што ако референдумот не успее во време кога се отвораат прашањата за корекции на границите во регионот.

  • Денес зборуваме за позитивен исход, тоа дека ќе има големо учество на овој референдум. Јас се залагам за поголемо учество . Не може да се занимавате со тоа што ќе се случи ако не биде успешен референдумот туку сега е моментот да се залагате за тоа да биде успешен референдумот. Од германски аспект, од европски аспект имаме голем интерес за стабилен регион, вели Меркел. 

Ангела Меркел е првиот германски канцелар што доаѓа во официјална посета на Македонија. Нешто што премиерот Зоран Заев го смета за охрабрување.

  • Оваа посета е уште едно охрабрување дека големите сили поддржуваат доследно спроведување на Договорот со Грција од двете страни и потврда дека Договорот ја гарантира македонската иднина и нашето место во ЕУ и НАТО. Охрабрени сме да го направиме историскиот исчекор, вели Меркел. 

Посетата на Меркел се случува токму на денот кога Македонија слави 27-години од независноста, што се толкува како силна поддршка за земјата во пресрет на референдумот и за нејзината евро-стлатска иднина.

 

Марија Дивитарова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ