Ципрас: Договорот од Преспа помага Солун да добие лидерска улога во регионот

За реализирање на визијата за поинаков Солун, за Солун лидер на Балканот и основна трговска, транспортна, енергетска и економска точка во регионот,  помага и Договорот од Преспа, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со администрацијата на Меѓународниот саем.

Ципрас овогодинешниот саем го карактеризираше како историски бидејќи е прв во пост меморандумскиот период, а говореше и за визијата, Солун да стане економска и трговска престолнина на Балканот.

  • Првиот чекор за ова е (Солун) да добие лидерска улога на Балканот и во рамките на оваа цел, за да ја реализираме оваа визија,  длабоко верувам дека е договорот со поранешната југословенска Република Македонија што менува насока и ориентација на градот и на Северна Грција. Запира Солун и Северна Грција да се со свртен грб кон просторот што економски и трговски е од витално значење, а тоа се соседните земји и се ориентира за да стане основна трговска, транспортна, енергетска, економска точка на Балканот, а Солун да биде прво пристаниште на Балканот, ова е прв чекор за да имаме визија за еден поинаков Солун, рече Алексис Ципрас.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ