Заев сведочеше во судот за настаните на 27 април во Собранието

Откако излезе од судницата рече дека чувството е непријатно, но дека има обврска како секој граѓанин повикан да сведочи да дојде во судот и да ја изврши граѓанската должност.

Заев не сакаше да открива детали од неговото сведочење јавно пред камера затоа што како што рече Македонија оди напред и не сака да ги навраќа граѓаните на тоа што се случуваше на 27 април лани.

„Не им е лесно на овие луѓе внатре кои што се обвинети, не би сакал јас дополнително да додавам нешто“, рече Заев.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ