
Собранието почнува референдумска кампања
71 пратеник почнуваат со кампања „за“ референдумското прашање. Велат дека ќе ја водат транспарентно и без дискриминација и предрасуди. Ќе користат максимум 5 минути и 23 секунди по реален час програма во 65 телевизии и радија кои доставиле ценовници до ДИК, а во порталите и весниците нема да се закупува рекламен простор. Распоредот на содржините по медиуми ќе се планира на дневна основа во Координативното собраниско тело.
Џафери потсетува дека право на кампања има не само Владата туку и други субјекти, но тоа треба да го покријат со сопствени средства. За својата кампања, пратеникот нема да добие пари во готово. 59 одсто од 80-те милиони денари, или, речиси 700 илјади евра, ќе им бидат исплатени на медиумите со кои веќе се склучуваат договори.
41 одсто од парите што ги префрли Владата ќе останат непотрошени и ќе се вратат во Буџетот. ВМРО-ДПМНЕ побара да се пренаменат за реални потреби на граѓаните, што Собранието не може да го реализира. Иако побара, нема пари ниту за Антонијо Милошоски, бидејќи тој е дел од пратеничка група која брои 49 пратеници и излезе со заеднички став дека нема да користат средства за својата кампања.
Соња Николовска