
Македонското злато ќе се лужи во Бугарија
Македонското злато ќе се ложи во бугарска тополница. Инвеститорот Еуромакс ресорсис целата руда која ќе ја ископува од рудникот Иловица ќе ја транспортира во источниот сосед каде веќе е одбрана топилница. Од рудникот со отворен коп ќе се вади руда со висок концетрат на бакар и злато, но нема да се лужи на домашно тло со цијанид и сулфарна.
„Главните промени се поради тоа што повеќе нема да користиме цијанид, затоа може да ја намалиме средствата што ќе ги потрошиме. Немаме потреба од изградба на делот за цијанид, исто така идентификуваме други можности за поголема ефикасност. Да разјасниме најавата беше 500 милиони долари, а сега проценката е 350 милиони евра, се извинуваме за таа забуна“, изјави извршниот директор на Еуромакс ресорсис, Варшан Гокул.
Досега Еуромакс има инвестирано околу 40 милиони евра откако го доби проектот за екплоатација на бакарна и златна руда од Иловица. Изградбата на самиот рудник треба да се комплетира за две години. Екологистите цврсто се спротиставуваа на мега проектот кој е во близина на плодното земјоделско подрачке во струмичкиот регион. Стравувајќи од можна хаварија употребата на цијанид беше главна грижа за контаминација. Рудникот сепак, ќе се изгради и покрај локалните референдуми во југоистокот.
„Ќе користиме процес на флотација кој е едноставен физички процес, карпите се толчат во ситен прав. Минералите кои содржат бакар и злато во вид на концетрат дополнителна ќе се преработуваат во топилница во Бугарија“, вели главниот оперативен директор на Еуромакс, Пет Форвард.
Од 2012 потрошивме 40 милиони евра. На светските берзи цената на еден килограм е над 35 илјади евра со прогнози на економистите дека во наредните дваесетина години ќе продолжи да расте. Еуромакс има руден потенцијал од 225 милиони тони руда со заработка од десетина милијарди евра. Концесијата за експлоатација на руда кон државата изнесува 2% од ископаната количина на годишно ниво.
Христијан Станоевиќ