
Кажува ли се што видел и слушнал Зекири на „Крвавиот четврток“?!
Кажува ли се што видел и слушнал критичниот ден, сведокот Мухамед Зекири во процесот за „Крвавиот четврток“. Одбраната тврди не, Зекири да. Според адвокатите Зекири дал многу поопширен исказ пред обвинителството, во истрага. Денеска дел од тоа што го кажал пред неколку месеци не го открива, убедуваа тие. Во неколку наврати и неколкумина го прашуваа што претходело на пресконференцијата на Заев и Џафери попладнето на 27 ми април, но обвинителката негодуваше дека тоа е политика а не правда.
Адвокатите побараа дел од исказот сепак да се прочита јавно и да е доказ, но советот на чело со судијката Добрила Кацарска не дозволи. Објасни дека во законот не пишува дека исказ во истрага може да биде доказ во суд, туку само оној даден токму пред судот. Зекири пак по петчасовното сведочење повтори дека се што знае кажа.
Инаку денеска пратеникот на СДСМ Зекири, сведочеше дека тој го видел пиштолот кој со себе го носел Игор Југ кој е еден од обвинетите, му паднал од појасот при пто се наведнал да го земе. Денеска сведочеше градоначалникот на град Скопје. Петре Шилегов. Утре судскиот процес продолжува. како сведоци се повикани премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни Оливер Спасовски, екс министерот за здравство Никола Тодоров и пратеникот Весел Мемеди.
Билјана Николовска