
За Груевски делото за „Тенк“ е застарено, за СЈО застарува во октомври
Експремиерот Никола Груевски и четворицата негови адвокати се жалат дека делото за „Тенк“ е застарено, дека бомбите се незаконски, вештаците пристрасни- но бројните забелешки од нивните жалби ги читаше судијата известител бидјеќи нивните столчиња во Апелација останаа празни како што најави вчера. Лично на судиите им се обратија обвинетиот Ѓоко Поповски и неговиот адвокат Стерио Зиков кои побараа укинување на пресудата. Поповски рече дека не е криминалец дека спровел законска набавка на блиндирано возило и заклучи дека неговиот случај е како народната „Ако не можеш по коњот удри по самарот“.
Зиков изрази сомнеж дека двете вештачењата на СЈО биле прескапи и чинеле по 2.500 евра за разлика од неговото искуство кога плаќал по 200 евра за такви услуги – од СЈО му одговрија дека во тоа време ниту еден макеодонски вештак не прифаќал да ги вештачи предметите на СЈО затоа морале да ангжаираат странска компанија.
Според СЈО пресудата за „Тенк“ треба да биде потврдена, а обвинителот Бубевски му одговори на Поповски дека СЈО ги гони и коњот и самарот .
Четворицата адвокати на Груевски утрово испратиле известување до Апелација дека имаат други судења во Крвичниот суд, но еден час подоцна судиите провериле и открија дека на двајца бранители судењата им биле одложени.
Одбраната и денеска побара изземање од спцијалната обивнителка Катица Јанева кое беше одбиено, а адвокатот Зиков негира дека целта на изземњата била да се одложуваат судењата.
Додека траеше јавната седница пред Апелација на протест се собраа 30-тина поддржувачи меѓу кои и поранешните градоначалници Коце Трајановски и Ивица Коневски. Без транспаренти и извици за кусо време се разотидоа, а во текот на целиот ден судот беше обиколен со бројни полициски сили.
Петмината судии дополнително треба да се состанат и да одлучат дали ќе му ја потврдат пресудата – дали ќе ја укинат или ќе ја променат.
Елена Ивановска Мукоска