Разногласие во владата за ребалансот

Дали на Македонија и треба ребаланс на буџетот или не? За два дена владата излезе со две спротивни мислења.Објаснувајки како ќе се решаваат долговите на општините премиерот Зоран Заев на првиот училишен ден рече дека државната каса ќе се прекројува во октомври а денеска министерот Тевдовски категорично вели дека нема потреба од тоа бидејќи расте индустриското производство, извозот, наплатата на даноците  и кредитирањето. Овие макроекономски индикатори  покажуваат дека буџетот е во одлична состојба, уверува тој

  • Конечното решение за старите затекнати долгови е преку помош од државата.Со ребаланс во октомрви сите средства ќе бидат алоцирани за трајно решавање на дологивте на оптимите, рече премиерот Заев.
  • Веројатно по многу години имаме одлична ликвидност, можеме се да реализираме, ништо не чека во трезорот.Од тој аспект нема потребва од Ребаланс, анализираме и натаму па ако треба корекција ќе соопштиме, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Па ваквото разногласие во јавноста од владата за Телма дообјаснуваат дека одлуката за ребаланс ќе биде координирана.

  • Одлуката за можен ребаланс на буџетот ќе следува по согледување на севкупните состојби во економијата и истата ќе биде координирана на ниво на влада од премиерот Заев, министерот за финансии Тевдовски и другите надлежни ресорни министерства.Одлуката ќе ги земе предвид економските политики кои се имплементираат како и реалните севкупни потреби на државата, соопштија од Владата.

Тевдовски не сакаше да прогнозира колку ќе биде растот за вториот квартал од годинава, туку тоа како што рече го остава да го стори утре  Државниот завод за статистика.Заев вчера изрази оптимизам дека економијата ќе испорача раст од 2,5 и 4 %  а по евроатланските интеграции земјава рече тој може да има раст на БДП и над 5 %.

 

Виолета З. Стојановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ