
Говорот на омраза можен генератор на тензии
МВР презема мерки да се обезбеди цивилизран амбиент на денот на референдумското изјаснување ослободен од секакакви закани и омраза што би можеле да предизвикаат последици кај вољата на граѓаните на 30 септември. Заедно со невладините организации превентивно ќе се интервенира да се спречи ширењето на говорот на омраза кој би можел да генерира евентуални инциденти.
Невладината „Цивил“ апелира на воздржаност од говорот на омраза и повиците за насилство. Бараат од јавното обвинителство да биде поажурно и да ги процесуира сите досегашни случаи кои потикнуваат нетрпеливост.
Јулијана Лефковска