За Груевски делото на „Тенк“ е застарено, за СЈО трае до октомври

Експремиерот Никола Груевски и четворицата негови адвокати се жалат дека делото за „Тенк“ е застарено, дека бомбите се незаконски докази, вештаците пристрасни, но бројните забелешки од нивните жалби ги читааше судијата известител, бидјеќи нивните столчиња во апелација останаа празни, како што најавија вчера. Лично на судиите им се обратија обвинетиот Ѓоко Поповски и неговиот адвокат Стерио Зиков кои побараа укинување на пресудата. Поповски по сите приговори на крајот рече дека не е криминалец, дека спровел законска набавка на блиндирано возило и заклучи дека неговиот случај е како народната Ако не можеш по кољот удри по самарот.

Според обивнителот Гаврил Бубевски СЈО ги гони и коњот и самарот, односно сите инволвирани во предметот. Одговори дека „Тенк“ за Груевски застарува во октомври, а сите забелешки се неосновани.

Бубевски се надева дека Апелација ќе донесе одлука пред да застари гонењето за експремиерот и не сакаше да ги коментира неговите вчерашни обвинувања. Тој само објасни дека дури и да се намали казната против него и да нема право да се жали пред Врховен, евентуалната жалба на Поповски и нејзиното прифаќање би се однесувала и би била во корист и на експремиерот.

Четворицата адвокати на Груевски утрово испратиле известување до Апелација дека имаат други судења во Крвичниот суд, но еден час подоцна судиите провериле и ја известија јавноста дека на двајца од бранителите  судењата им се одложиле.

Одбраната и денеска побара изземање, но од спцијалната обивнителка Катица Јанева кое беше одбиено, а адвокатот Зиков негира дека целта на изземњата била да се одложуваат судењата.

Груевкси вчера обивни дека в.д претседателката на Аплеација под политички притисок ги убедувала судиите да го осудат . Од судот вчера овие наводи ги нарекоа невистинити и тенденциозни, а барањата за изземања на судии дека биле со цел да се одолговлекува седницата.

Додека траеше јавната седница пред Апелација, на протест се собраа 30-тина поддржувачи меѓу кои и поранешните градоначалници Коце Трајановски и Ивица Коневски. Без транспаренти и извици за кусо време се разотидоа, а во текот на целиот ден судот беше обиколен со бројни полициски сили.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ