Шекеринска: Посетите на Столтенберг, Меркел и Курц доказ дека имаме силна поддршка

Посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се случува на помалку од осум месеци после претходниот негов престој во Скопје. Ако во јануари со својата посета покажа дека Македонија има шанси да ја добие НАТО поканата, ако ја сработиме, оваа посета е пример и доказ дека нашата земја може да стане члена на Алијансата. Одлуката е во наши раце, а на 30 септември граѓаните на Македонија имаат шанса со својот глас да обезбедат да станеме 30 членка на НАТО.

Ова денеска го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на припадниците на Воздухопловната бригада на АРМ, по повод зголемувањето на бројот на оперативни хеликоптери во Армијата на Република Македонија.

– Светот ја поддржува Македонија и тоа овие денови станува многу јасно и видливо. Во една година првпат ни се случува генерален секртетар на НАТО да ја посети нашата земја која се уште не е членка на Алијансата. Во само два дена ќе ги имаме канцеларите на Австрија и Германија во посета на Македонија. Тоа покажува дека светот навистина го цени тоа што се случува во Република Македонија и дава силна поддршка на нашите две стратешки цели членство во ЕУ и НАТО, истакна Шекеринска.

Според неа, светот дава поддршка само доколку се знае што се сака, а тоа, како што рече, Македонија во изминатава година покажа дека не ја бараме нивната поддршка само со зборови ниту без резултати.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ