
Не ја пропуштајте завршницата на првата фаза во Сплит и Пореч
Завршница на првата фаза во групите А и Б од натпреварите на Европското ракометно првенство во Хрватска. Домаќинот Хрватска и светскиот првак Франција се двете репрезентации кои го обезбедија местото во Главната фаза, додека за преостанатите четири места места ќе биде познато по одигрувањето на последното трето коло. Шведска и Исланд од А групата се на добар пат да ја заверат визата за Загреб, додека Србија има минимални шанси. Иста е ситуацијата и во групата Б. Норвешка и Белорусија се многу блиску до пласманот во четвртфиналната фаза, Австрија е аутсајдер.
Двојки 3. коло – А група (Пореч):
Србија – Исланд 18:15 (пренос ТВ Телма)
Хрватска – Шведска 20:30 (пренос ТВ Телма)
Табела:
1. Хрватска 4 бодови
2.Шведска 2
3.Исланд 2
4.Србија 0
Двојки 3. коло – Б група (Сплит):
Франција – Белорусија 18:15
Норвешка – Австрија 20:30
Табела:
1. Франција 4 бодови
2. Норвешка 2
3. Белорусија 2
4. Австрија 0