
Македонците стравуваат од прекројување на границите и размена на територии меѓу Србија и Косово
Голем дел од граѓаните во земјава сметаат дека се уште е жива идејата за создавање голема Албанија утврдило истражувањето кое го изработи факултетот за безбедност. Овој страв е поттикнат со преговорите за промена на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија. Професорите порачуваат дека институциите мора да работат на проценка на безбедносните ризици. За сега велат безбедносната состојба е стабилна но ранлива.
Според професорите дел од овие стравови на граѓаните во мометов се оправдани но велат времето ќе покаже дали се реални. Зачленувањето во евроатланските организации сметаат дека е еден од пресудните фактори за стабилизирање на безбедноста.
Анкетата која е објавена во книгата на Мојаноски и Ѓуровски е извршена над 1 000 испитаници очи во очи од кој 30 проценти се од албанската етничка заедница. Доаѓа во време кога националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски истакна дека ако се менуваат границите на соседните држави можно е колатерална штета да биде Македонија. Заев пак вчера со смирувачки тонови рече дека земјава поддржува решение за Косово кое ќе гарантира мир на целиот регион.
Билјана Николовска