
Локализиран е пожарот по експлозијата во фабриката „Сувенир“ во Самоков
Локализиран е пожарот што настана по експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ во Самоков и состојбата е стабилизирана, информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.
Денеска околу 16:10 часот избувнала експлозија во наменската фабрика за производство на муниција „Сувенир“ од Самоков.
Според првичните неофицијални информации, од СВР Битола потврдуваат дека имало експлозија во фабриката и оти нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата.
Полицијата во моментов прави увид на местото на настанот.
Денешната експлозија предизвика вознемиреност кај жителите од околината кои се уште се сеќаваат на експлозијата од пред 20 години кога имаше и жртви.