Заев и Вучиќ со пораки за пријателство и соработка

Се сретнаа на половина пат во меѓуграничната зона испратија пораки за пријателство и соработка но разменија и пораки за решавање на отворените прашања со соседите што ги имаат Макеоднија и Србија. Премиер Зоран Заев  рече дека Македoнија подржува решение меѓу Србија со Косово што ќе ја унапреди благосостојбата на Србите и Албанците.

Српскиот претседател Вучиќ во одговор на новинарско прашање за референдумот  во Македoнија рече дека тој не сака да да се меша во внатрешните работи на Македонија и нема да ги повикува србите во земјава да излезат на гласање

– Ќе повторам не сакаме да се мешаме во внатрешни работи на други земји но секогаш позитивно ке реагираме ајо нашите пријатлеи и соседи се договоараат и решаваат пробчлеми. Тоа се рабати против кои нема да имаме ништо против. Дали се радуваме и дали ние задоволни тоа што скопје и атина ке ги решат своите проблемите, секако дека тоа е добра вест и за Белград и за Србија. За другите работи, јас немам право ниту некого да повикувам ниту да не повикувам бидјеки тоа не би било фер и би било директно мешање во внатршени рбаоти на други земји, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Србија и Македонија се пријателски земји, имаме историски и блиски односи, стратешки се блиски едни со други, дали понекогаш ќе имаме тактички разлики е помалку важно рече Вучиќ.  Македонскиот премиер пак потенцираше доказ за пријатлеството мегу двете држави е и преоктот кој денеска го промвовираа а тоа е воведување на заеднички гранични контроли на Табановце.

Според најавите од двете страни, овој проект за заедничко гранично управување ќе се спроведе во наредните месеци а двете страни ќе потпишат протоколи и спогодба на заедничката владина седница меѓу Скопје и Белград која треба да се одржи до крајот на годината.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ