
Даниелсон: Бојкотот не е решение
Многу е важно на 30 септември граѓаните да гласаат на референдумот, со што ќе ја изберат својата иднината, порача денеска Кристијан Даниелсон, директорот на директоратот за проширување на ЕУ. Тој упати молба до македонските граѓани да го направат тоа бидејќи референдумот ќе донесе последици за идните генерации.
„Важно е за граѓаните да ја искористат можноста која ја дава овој референдум да го дадат својот глас, да бидат дел од одлучувањето а ова важно прашање. И поради тоа апстиненцијата, бојкотот, од наша гледна точка не е нешто што оди во таа насока“, рече Даниелсон.
За тоа дали владата има направено анализа за поддршката за референдумот, премиерот Зоран Заев е дециден дека мнозинството е „за“.
„Огромен процент од граѓаните се ’за’ и впрочпем и оние што се против се со мали, минорни бројки. Тао го знаеме и тоа е дел од таа кампања која што постои во Македонија, предводена од ’Бојкотирам’. Јас се надевам дека и опозицијата ќе биде навистина позитивна, бидејќи и опозицијата за ЕУ и за НАТО“, рече Заев.
Даниелсон кој денеска разговарше со сите главни политички партии информираше дека ВМРО-ДПМНЕ се уште размислуваа каков ќе биде нивниот став за референдумот.
За клучните реформите кои се обврска на владата тој рече дека од таму добил уверување за цврста решителност за исполнување на реформите. Даниелсон притоа рече дека мора да се преземат чекори околу реформите во судството, континуирани чекори во борбата против корупцијата, адресирање на реформите на разузнавачките служби, реформа на иборните реформи и продолжување на чекорите во реформи на администрацијата.
Тамара Грнчароска