
Даниелсон ги повика граѓаните да гласаат на референдумот
Македонските граѓани на 30 септември ќе можат да ја изберат својата иднината, но и на идните генрации е порака која денеска ја упатија Кристијан Даниелсон, директорот на Директоратот за проширување на ЕУ. Тој притоа им честиташе на Македонија и на Грција за Договорот за името, велејќи дека тој го отвори патот на земјава кон ЕУ и НАТО.
„На 30 септември граѓаните тука ќе направат избор и ќе ја обликуваат иднината на земјата. Ќе има последици за идните генерации и наша молба до сите е да го практикуваат демократското право да гласаат. Ова е уникатна можност да да се оликува општеството во кое сакате да живеет и да го гледате просперитетот на своите семејства“, рече Даниелсон.
Евроамбасадоро Жбогар кој во поголем дел од обраќањето говореше на македонски јазик, рече дека Унијата сака да ја види Македонија како се движи напред и ги отпочнува преговорите за членство во јуни. Тој сликовито рече дека Унијата е сигурното пристаниште за Македонија во време на бура.
„Сакаме да ги споделиме придобивките. Јазикот на Матеа Матевски, Блаже Конески да стане официјалне јазик на ЕУ“, вели Жбогар.
За тоа дали владата има направено анализа за поддршката за референдумот, Заев е дециден дека мнозинството е „за“.
„Огромен процент од раѓаните се за и оние што се против се со мали минорни бројки. Се надевам дека и опозицијата ќе биде за, бидејќи се и тие за ЕУ и НАТО“, вели Заев.
За процесот на скринигот на земјава кој Комисијата ќе го почне во септември Жбогар е уверен дека македонската администрација има капацитет да го спроведе овој процес. За тоа треба да се искористи и капацитетот кој го поседува и опозицијата, смета Жбогар, според кого само со обединети капацитети земјата со сигурност ќе има доволно капацитет да го води процесот.
Премиерот Заев денеска информираше дека тимовите кои ќе го водат скринигот од македонска страна се оформени до тој дел до каде е тоа можно и дека се разговара со граѓанските организации за нивно вклучување во процесот. Како што рече, во одредени области нивните капацитети се поголеми од оние на државните институции.
ЕУ денеска го промовираше проектот „Замисли иднина заедно“ за кој Жбогар рече дека е најголем и најзначаен досега. Во кампањата која до крајот на месецов ќе ја води Унијата ќе ги промовира заедничките вредности, придобивките за земјава од членство во Унијата, како и проктите кои се реализирани во Македонија со 1,2 милијарди евра европски пари од 2007 до 2020 година. Унијата во својата кампања, како што информираше Жбогар, нема да зборува за Договорот за името.
Тамара Грнчароска