Пендаровски: Донесовме национална структура за членство во НАТО

Донесена е Национална структура за членство во НАТО со сите тела за пристапните преговори на владина седница и тоа на три нивоа: Комитетот за интеграција во НАТО, Работен комитет и Секретаријат за членство во НАТО кој оперативно ќе ги води активностите.

Во првиот ќе членуваат сите политички претставници од институциите. Вториот комитет ќе ги спроведува политичките одлуки од комитетот предводен од премиерот Заев. Третото тело, секретаријатот е од дневно-оперативен карактер.

Македонија ги прифаќа сите одредби од основачкиот документ на НАТО со сите стандарди и ќе определи средства за остварување на обврските.

„Добивме план што НАТО очекува од Македонија и што треба да преземеме и по членство на Република Македонија. Ние изготвивме своја програма која е одговор на планот на генералниот секретар на НАТО Столтенберг како и кога ќе ги спроведеме обврските, а до нова година треба да ги исполниме политичките критериуми заедно со обврските од Преспанскиот договор“ истакна Пендаровски.

Трошоците за Македонија за обврските кон НАТО ќе изнесуваат од 400 до 600 илјади евра на годишно ниво.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ