Тевдовски: Стапката на ДДВ за станови останува 5 проценти до 2023 година

За прв промет на станови, останува повластената стапка на ДДВ од 5 проценти. Денеска предлог измените на законот за изменување на Законот за додадена вредност влегоа во собраниска процедура.

– Со Предлогот на Законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност се врши пролонгирање на рокот и тоа до 31 декември 2023 година, за примената на повластена даночна стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Основна причина за измената на Законот за данокот на додадена вредност е да се излезе во пресрет на граѓаните, за поддршка за градежниот сектор, како и другите стопански гранки директно поврзани со градежништвото. Oва ќе има директно позитивно влијание врз домашната економија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ