СДСМ: Дали на Мицкоски му пречи интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ?

СДСМ уште еднаш го повика опозицискиот лидер Мицкоски да се изјасни за најважното прашање кое е актуелно, изјаснувањето на референдумот закажан на 30 септември. Владејачката партија наведе сомнежи зошто и натаму нема одговор од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„После години на изолација, поделби, уназадувања и неизвесност, Македонија конечно се движи во добар правец, кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО кои се врвни стратешки интереси.

Дали на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи успехот на Македонија па затоа не соопштуваат јасен став за референдумот и најважното прашање за македонската иднина?

Дали молкот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ значи противење на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ“, велат од СДСМ.

Од СДСМ дополнуваат дека граѓаните знаат дека Македонија и вредносно и цивилизациски припаѓа во ЕУ и НАТО и  без разлика на неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја препознаваат историската важност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ