Тројно убиство во Дебар – Застрелани сопружници и малолетна ќерка

,,На 26.08.2018 година во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено e убиство. Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на А.П.(54) и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14 годишна ќерка. Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот”, информираат од полицијата.

Во текот на ноќта екипи на полицијата вршеле увид на местото на убиството.

  1. Мотивите за тројното убиство се непознати, но соседите шпекулираат дека можна причина за тоа се расправии околу имот.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ