Хотел Арка мета на вандалски напад

Сопственикот на хотелот „Арка“, тврди дека тој, заедно со персоналот и гостите во хотелот се цел на вандалски напад од страна на 20-ина хулигани организирани од сопственик на дивоградба, која се гради во Старата скопска чаршија.

„Ова е резултат на неколку месечен напад со цел насилно затварање на хотелот и превземање на паркинг просторот, а истото е потикнато од нашата етничка припадност, како последна македонска фамилија која оперира во Старата Скопска Чаршија и овој дел од градот. Објектите и опремата кои се уништуваат се сопственост на хотел Арка и за истите имаме соодветни одобренија и дозволи. За горенаведените проблеми се известени МВР, Град Скопје, Државен градежен инспекторат и Управа за заштита на културното наследство (бидејќи паралелно се рушат објекти заштитени со Законот за Старата Скопска Чаршија), но до сега нема никаква позитивна реакција“, вели сопственикот на хотел „Арка“ Сашо Џиковски.

Полицијата до сега интервенирала повеќе пати, вели Џиковски, но од полициска станица Битпазар одбиле да реагираат со образложение дека повеќе не се во можност да им ја гарантираат безбедноста и им порачале да си ангажираат приватно обезбедување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ