
ФЗОМ: Фондот ја одбра Турција, Германија не одговори со понуда
Одбивањето на лекувањето од Фондот за здравство во Турцаја од страна на пациентите ја зема првата жртва. 11 годишната Ева Крастановска од Горно Коњско, охридско подлегна на туморот додека нејзиното семејство се обидуваше да дособере уште 50 илјади евра преку донации, за да се лекува во Германија. Фондот за здравство преку директорот Ден Дончев вели дека одлуката Крстановска да се лекува во Турција ја донеле во рок до 48 часа. Пациентката заглавила во административните лавиринти откако ја обжалиле одлуката со барање Фондот да обезбеди пари и комуникација во една германска клиника. Дали фондот се пазарел за пониска цена, или Германците одбиле да ја лекуваат Ева заради влошената состојба, се прашања на кои Дончев не даде јасен одговор.
Се избирало меѓу две клиники од Турција и една од Италија. Фондот ја одбрал средната понуда за 145 илајди евра во Истанбул, Турција. Откако лекарите ги исцрпиле сите методи и знаење во Скопје, лекарските комисии ја донеле одлуката за во Турција.
Дончев во неколку претходни случаи јасно кажа дека законот наложува да се избираат најниските понуди. Откако родителите одбија да се лекува во Турција и малиот Јане Ангелов со ретко заболување од Кочанско заглави во бирократскиот лавиринт. Фондот му ја одбра Турција, а семејството ја предлага клиниката во Италија кадешто лекувањето е поскапо за 50 илајди евра, но трае подолго. За да се избегант политичките и бирократските одлуки изборниот кандидат, а сега премиер Зоран Заев најави посебен фонд за лекување во странство на деца до 18 години. Пари за секој пациент има, но дали таков фонд ќе се направи, не одговори министерот за здравство Венко Филипче.
Поранешната директорка на Фондот за здравство си даде оставка откако почина малата Тамара, а нејзиниот случај стаса и со обвинети вработени во фондот за непостапување. Таа боледуваше од искривување на рбетот за чиешто лекување тогашниот министер за здравство Никола Тодоров, најави спинален центар за рехабилитиација кој, пак се најде на нишанот од пиштолот на дедото на Тамара сега осуден на 7,5 години затвор за обид за убиство.
Павле Беловски
https://youtu.be/hNaq9qaOW9o