ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од градоначалничката на Битола

Оставка од градоначалничката Наташа Петровска побараа денеска од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, поради  состојбите во битолското образование.  Осум основни и едно средно училиште веќе еден месец  се со исклучена струја, а деновиве само гимнзијата „Таки Дасакло“, го платила долгот кон ЕВН.

-Неработењето на Наташа Петровска  почна силно да се рефлектира врз нас младите. На 10 дена до почетокот на учебната година, 9 училишта немаат струја, а задолжителниот превоз за ученици се уште не е регулиран. Најдобро е што можете да направите за нас младите е што поскоро да ја прекинете оваа фарса и да си однесете неотповиклива оставка, ако кај вас и кај вашите соработници постои грижа на совест, рече Марко Јосифовски УМСМ на ВМРО-ДПМНЕ-Битола.

За проблемите во образованието најмалку имаат право да зборуваат тие што ги создадоа, одговорија од  локалната власт.  Десет училишта 7 години работат  со блокирани сметки, а долгот  кој се таложел достигна 4,5 милини евра. Струјата не е платена од април 2017, некои  училиштата 10 години не платиле сметки за вода и други комуналии, а извршните решенија кои пристигнуваат за превоз на ученици изнесуваат и по 200 илјади евра,  обвинивуваа актуелните директори.

-Разликата е видлива и во тоа што оваа локална власт постојано ги решава проблемите кои во изминатите 12 години претходната власт ги наталожи. Граѓаните повеќе не можат да бидат манипулирани  дека проблемите можат да се решат преку ноќ. Во изминатите 12 години најмногу млади ја напуштија државата, а сега токму на младите им се префрла топката за да се заборават постапките на возрасните, изјави Елизабета Наумовска, директор на  СОУ „Таки Даскало“ од Битола .

Долгот за струја  на сите битолски училишта   изнесува над 6 милиони денар.  Општината има пари да ги плати заостанатите обврски, но поради блокираните сметки на училиштата нема законска можност. Сепак од локлната самоуправа уверуваат  дека се бара начин да се надмине  оваа сложена ситуација до почетокот на учебната година, но засега е неизвесно дали ќе се најде решение и дали тоа ќе се одрази на образовниот процес.

Емилија Мисирлиески

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ