
Владата ја измени трасата на гасоводот, невладините пак незадоволни
Владата ја скуси и ја скрати трасата на гасоводот што ќе поминува низ парк шумата Водно.Наместо 25 метри, ширината на работниот појас ќе биде 10 метри а должина на трасата ќе биде 4 километри покуса.Со ваквите измени, уверува владата за поставување на цевка во должина од 9 километри ќе се сечат 2 хектари дрвја што е далеку помалку од дневната потрошувачка на дрва за греење во Скопје а откако ќе заврши изградбата на гасоводот , теренот ќе се врати во првобитна состојба.
Бајрам Реџепидиректорот на МЕР тврди дека ова е најоптималното решение направено во соработка со граѓанскиот сектор, а неприфатлив вели е предлогот на невладините организации гасоводот наместо низ Водно да се гради на Скопска Црна Гора.
Скопје нема да ја спречи гасификацијата на другите градови но нема да биде жртва на процесот. Градоначалникот Петре Шилегов ветува дека за дополнително пошумување на Водно ќе се потрошат 700 000 евра.
Анализите на Министерството за животна средина покажуваат дека гасификацијата ќе ја подобри животната средина во Скопје така што ќе се намали емисијата на јаглероден диоксид и штетните ПМ честички. Но, ако ништо не смениме до 2025 година, рече Јани Макрадули, емисијата на ПМ честички ке се зголеми за 31 %.
Активистите од иницијативата Го сакам Водно во неделата побараа Владата да се откаже од идејата гасоводот за Тетово и Гостивар да минува по сртот на планината бидејки здравјето на граѓаните на Скопје е поважно од битката за профитот и наводниот бенефит од гасоводот.
Виолета З. Стојановска