ДИК: Досега има 2060 пријави за гласање од дијаспората

Според информациите на ДИК и натаму интересот за гласање на дијаспората на претстојниот референдум е многу низок. Заклучно со денеска до 12 часот, преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија доставени се вкупно 2060 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 2019 пријави се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 итн.​

Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава,  и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави.Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, ве информираме дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428, во Струмица – 420, Карпош -375, Радовиш – 240 и во Охрид – 235.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со четврток, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ