
СДСМ го повика Мицкоски да не се крие повеќе за референдумот
СДСМ преку соопштение упати порака до опозицискиот лидер Христијан Мицкоски конечно да излезе со став за начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на претстојниот референдум и повеќе да не се крие од граѓаните.
„Очигледно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да измислат и да излажат се, само за да избегнат да го соопштат ставот за најважното прашање во македонската историја. Денеска сокриениот Мицкоски во однапред снимено видео без можност од дополнителни новинарски прашања очајно се обиде преку искривени ставови да гиприкрие позитивните трендови во земјоделство коишто ги чувствуваат сите земјоделци. Податоците јасно укажуваат на добри трендови во земјоделието, особено кај помалите производители. Тоа сокриениот Мицкоски не може да го порекне. Продажбата кај индивидуалните земјоделци пораснала од 1.227.320 денари во 2017 година на 1.399.665 денари во 2018 година“ велат од СДСМ.
Владејачката партија тврди дека македонското сточарство раст, а истовремено, оваа година била постигната рекордна цена на тутунот чијашто просечна цена за реколтата 2017 година, изнесуваше 217,6 денари по килограм а беа зголемени и субвенциите за килограм предаден тутун.
„Ниту една лага на Мицкоски нема да го сокрие фактот дека неговата ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во во македонското земјоделство, со години не исплќаше субвенции и постојано манипулираше со земјоделците. За разлика од таквиот потценувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ вложува силно во земјоделството и воведува нови политики што го развиваат земјоделството и го унапредуваат животниот стандард на земјоделците“, тврдат од СДСМ.