
Азески: Пред референдумот ситуацијата зоврива, а бизнисот бара стабилност и предвидливост
Чувствуваме притисок од сите субјекти кои изнесуваат паушални оценки за наводни афери за фирмите, со што директно се наштетува на нивното работење. Тоа мора да прекине, правилата на игра мора да се почитуваат, вели во интервју за Телма претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
„Се чувствува дека со приближувањето на референдумот ситуацијата се зоврива, а нас како бизнис ни е преку глава во последниве 4 години од исчекување на големи работи, бизнисот треба да се остави непречено да си тече. Нападите кон вицепремиерот Кочо Анѓушев кој во Владата дојде од Комората се непримерни и можат да ја загрозат основната цел на неговото поставување, а тоа е да се реализира програмата на комората – да се поддржуваат успешни, индустриски и извозно ориентиранио компании, бидејќи само тие можат да го повлечат растот напред. Од Владата не чусвтвуваме никакви притисоци, но имаме забелешки за дисциплината на администрацијата, тоа влијае на нашето работење, а Владата се однесува многу лабаво по тоа прашање. На бизнисот му треба ослободување, да се покаже стабилност и предвидливост, само така ќе се извлечат парите од банка и ќе се инвестираат, оценува првиот човек на Комората“, Бранко Азески.
Нина Нинеска-Фиданоска