Собранието, а не Владата ќе ја води главната кампања за референдумот

Собранието, а не како што претходно се навестуваше Владата – ќе биде главниот стожер и носител на кампањата за референдум. Но тоа не исклучува и ангажман на Владата – вечерва се договораат контурите на референдуимската кампања, кои треба да се формализираат во среда.

В среда прво Владата на седница, а потоа Собранието ќе ги утрдат сите детали околу кампањата за референдум. Вечерва се одржува координација на тимот од владејачкото мнозинство задолжен за референдумот,  на која, според информации на Телма, начелно е утврдено дека главниот носител на информативната кампања ќе биде Собранието. Но тоа, велат извори на Телма, не го исклучува и ангажманот на Владата.

Дилемата, како ќе се трошат, односно кој и кому ќе ги дели парите за кампања, кои Владата ги собира преку министерствата и натаму останува отворена. Се разгледуваат неколку опции – парите да бидат префрлени во Собранието, но за тоа би бил потртебен ребаланс.

Според втората Собранието е тоа кое ќе даде насоки околу поделбата на средтствата. И третата опција која е на маса е парите да останат во министерството за финансии, кое потоа според новите измени на изборниот законик би ги исплаќал директно, но само за оние саубјекти на кои им следува буџетско финасирање на кампањата. Сепак која од трите опции ќе се одбере ќе се знае задутре, за кога рано претпладне е закажана седница на Владата, а потоа и координација во Собранието, по што треба да се заокружат сите одлуки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ