
ВМРО ДПМНЕ бара поништување на огласите за вработување и одговорност од министрите Тевдовски и Манчевски
Опозициската ВМРО–ДПМНЕ побара министрите Тевдовски и Манчевски да си поднесат оставка и надлежните институции да отворат истрага поради прифаќање на годишните планови за вработување на државните институции надвор од предвидениот законски рок. Тие бараат поништување на огласите за вработување на кои се примени на работа околу три илјади административци.
Од партијата сметаат дека министерствата за финансии и информатичко општество во никој случај не смееле да го прологираат рокот за испраќање на годишни планови за вработување за 2018 година поради распишаните локални избори.
Министерот Манчевски, за Телма, изјави дека станува збор за ситуација која бил наследена при превземањето на власта проблемаитчниот закон за државни службеници за кој најави измени. Тој тврди дека само мал дел од државните институции ги имале поднесено годишните планови дека имало две опции да се продолжи рокот спротивно на законот или да се блокира нивната работа.
Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација
Тој е подготвен да понесе одговорност доколку надлежните утврдат дека со продолжувањето на рокот надвор од законските прописи е нанесена штета на Буџетот.
Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација
Манчевски ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека станува збор за партиски вработувања поради природен одлив во администрацијата истовремено тврдејќи дека сите огласи биле транспаранетни.
Огнен Чанчаревиќ