
ДИК ќе фирмира одборите за гласање на дијаспората на референдумот
Државната изборна комисија ги формира избирачките одбори во дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија за гласање на иселениците во странство.
Членовите на ДИК по случаен избор одлучија кој ќе биде дел од нив.
Во одлуката што беше донесена на денешната седница се наведува дека членовите на Избирачките одбори во ДКП-та ќе бидат со мандат само за гласањето на референдумот што надвор од Македонија ќе се спроведе на 29 септември.
До денес напладне, во ДИК се запишани 1.459 пријави од дијаспората за гласање на референдумот, од кои 1.431 се прифатени. Најмногу во Берн, Љубљана, Лондон и Виена.