
Половина од училиштата во Битола се без струја
ЕВН пред речиси еден месец ја исклучи електричната енергија во 10 основни и средни училишта поради неплатени долгови кои се провлекуваат подолг период. Само едно од нив деновиве успеало да ги подмири обврските. Сите имаат блокирани сметки, а вкупниот долг на битолското образование е 4,5 милиони евра.
На десетина дена пред почетокот на новата учебна година, осум основни и едно средно училите во Битола, и натаму се без струја. Пред еден месец ЕВН ја исклучи електричната енерија во 10 училишта поради долгови кои се таложеле со години. Сите имаа блокирани сметки од страна на извршители и не можат да ги плаќаат обврските. Едно училиште деновиве најде начин да го плати заостанатиот долг.
– Само гимназијата „Таки Даскало“ во Битола, која исто така со години има блокирана сметка, успеала да го искористи моментот на деблокада и да го подмири обврските кон ЕВН. Останатите училишта кои имаат огромн долгови и натаму остануваат без електрична енергија.
Од Општина Битола велат дека состојбата е склучително сложена, но се бара решение за проблемот.
– Општина Битола прави напори да ги надмине овие проблеми, но имајќи предвид дека долговите на училиштата се околу 4,5 милиони евра состојбата е искучително сложена. Сепак, се надеваме дека за скоро време ќе се најде соодветно решение за надминување на овој проблем, се наведува во сооптението од Општина Битола.
Училиштата кои имаат блокирани сметки, освен за струја должат за комуналии, училишен превоз и обврски кон други добавувач. Доколку не се најде решение, ваквата сосотјба која се провлекува со години може да предизвика и доплнитени проблеми во нивното работење.