
Протест на производителите на сливи
Истурајќи ги сливите на регионалниот пат Делчево – Берово производителите денеска го искажаа својот револт, поради тоа што нема откуп и цена на нивниот производ. Околу сто производители на сливи со својата земјоделска механизација го блокираа регионалниот пат Делчево-Берово. Од страна на министерството ветено им е дека во среда ќе се појават откупувачите на терен.
Додека траеше блокадата имаше и инцидент. Сливарите реагираа зошто неуниформирано лице ги снима и нив, но и нивните трактори. Интервенираше и полицијата.
Доколку откупот на сливи не почне во среда, во тој случај производителите на сливи од Пијанец најавија дека ќе ги радикализираат протестите. Во земјава годинава во Малешевско-пијанечкиот и радовишкиot регион има берикетен род одоколу 15.000 тони, а за него засега нема извоз.
Викторија Димитрова Јованова