
Царовска: Оперативниот план за вработување и програмата за млади даваат резултати
Оперативниот план за вработување 2018 и пилот- програмата Гаранција за млади успешно се спроведуваат. Ова денеска на прес конференција го соопштија министерката за труд и социјала Мила Царовска и директорката на агенцијата за вработување Билјана Јовановска. Оперативниот план за вработување оваа година има највисок буџет, двојно поголем од 2016та година. Министерката Царовска се пофали дека реализацијата на мерките за вработување е успешна, а висок е и процентот на реализација на обуките за занаети, за персонални асистенти, обука за вештини од финансиско и банкарско работење, обуки за ИТ-вештини и вештини од областа на безбедноста. Пилот програмата Гаранција за млади се спроведува во градовите Скопје, Струмица и Гостивар.
Претседателот на мултиетничкиот синдикат при ССМ, Драги Јовановски, телефонски за Телма изјави дека ваквите мерки се добри бидејки ја сторпираат невработеноста, но се недоволни.
Од опозициската Вмро Дпмне реагираат на прес конференцијата на министерката Царовска, критикувајки дека единствени кои се вработуваат се партиските војници на власта, нагласувајки дека министерот за финансиски Тевдовски прави незаконски вработувања на 6000 партиски војници.
Со пилот- програмата Гаранција за млади сеопфатени се 1979 лица до 29 години, од кои 1026 се мажи, а 953 се жени.
Јордан Дуков