Македонија Еден загинат во сообраќајка кај Струмица
Во тешка сообраќајна несреќа во близина на Струмица загина 49 годишен маж од Петралинци. Несреќата се случи попладнево околу 14 часот, на патот Петралинци – Дабиље, десетина километри од Струмица. Човекот управувал автомобил марка Пежо, и движејќи се во правец од Дабиље кон Петралинци, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од патот, удирајќи во бетонски столб. Возачот загинал на местото на несреќата.
Екипи на МВР и дежурен јавен обвинител направија увид на местото на несреќата, при што телото на починатиот е предадено на семејството.



