Навреди и пцовки од Мартин Протогер за поранешниот Јавен Обвинител Љупчо Шврговски

Смеа до солзи, приговори и пцовки на денешното судско соочување на обвинетите во предметот на СЈО „Титаник“ со бомбите на специјалната обвинителка Лиле Стефанова. Шефот на кабиент на тогашниот премиер Никола Груевски, Мартин Протогер бесен и на висок тон ќе и се пожали на ексминиситерката Гордана Јанкуловска дека јавниот обвинител Љупчо Шврговски, а сегашен адвокат на Сашо Мијалков 4 месеци не отворал истрага против политичките противиници. Го нарече, коцкар и пијаница.

„Четири месеци чекам за „Надеж“предмет да отвори. Тој работи за СДСМ. Чист случај за апсење има за Наташа Савова за аферата „Надеж“ и ништо не прави“, и вели тој на Јанкуловска.

Не остана рамнодушен и како што велат во разговорите нивниот шеф, а сега обивнет во „Титаник“, Никола Груевски. Со погледи во судницата постојано се бараа Протогер и Јанкуловска потсетувајќи се што зборувале во пресрет на изборната кампања во 2011-та.  Само 6 месеци пред да згасне А1 телевизија, Протогер смислува пиар стратегија каков став да завземе партија ВМРЕ- ДПМНЕ по објавувањето на аферата „Списоци“ на новинарскиот тим дека секој истакант член треба да обезбеди 15 гласачи на денот на изборите. Се одлучуваат за тужба за лажно претставување за новинарката Сашка Цветковска, а во јавноста и пред меѓународниот фактор смислуваат изговори дека не постојат, закани, уцени и протисоци врз гласачи.

Второто продолежние на судскиот случај „Титаник“ отплови и во телефонски разговори, во кои функциоенри на партијата за потребите на изборите договараат за вработување на партиски членови и распределба на јавни функции. Во 100 емитувани разговори досега најчесто се слуша гласот на поранешениот министер за транспорт Миле Јанакиевски кој е врска со претседателот на партијата Никола Груевски и сите функционери активирани пред почетокот на кампањата.

Адвокатите неколкупати до судот  интервенираа со приговори да се запрат аудиоснимките во кои освен водење политичка камапња не може да се чуе криминал. Претоходно побараа и да се отстрани јавноста, за денеска да изразат сомнеж дека обвинителката Стефанова намерно за јавнсота ги предложила “бомбите“ како докази. Во “Титаник“ во три ред на обвнителкна клупа седат виоски пораншени функциоенри на ВМРО-ДПМНЕ и помагачи за изборни нерегуларности според најобемното обвинение на СЈО.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ