Македонија ќе добие професионална, а не партиска администрација до 2022 година

Македонија ќе добие професионална, а не партиска администрација во наредните 4 години. Бројот на вработените засега нема да се менува, но во иднина можна е рационализација на обемната администрација.

Граѓаните и организациите ќе бидат активно вклучени во реформирањето на администрацијата, најави министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на јавната дебата за Стратегијата за реформа на јавната администрација

„Следењето на имплементацијата на оваа Стратегија ќе ја следи Советот за реформа на јавната администрација која ја води премиерот. Ги повикувам и сите заинтересирани страни и граѓани, тоа ќе биде возможно и лесно и веднаш да реагираат ако нешто не е така како што очекуваат“, вели Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Голем проблем е фактот што засега никон не знае точно колку вработени има во јавната администрација, но ниту колку институции функционираат под капата на државата.

„Треба конечно да се преброиме по број на институции и по вработени, да видиме што имаме и колку од тие кадри се соодветни за описите на работни места кои ги извршуваат. Потоа ќе следува систематизација и рационализација, но врз основа на издржани анализи и на проверени анализи. Биљана Николовска- Жагар , советник за администрација во Министерство за информатичко општество и администрација

Иако според стратегијата, реформата треба да заврши до 2022 година министерот Манчевски рече дека тоа нема да значи и целосно стопирање на процесот. Според него, реформата е жив процес кој ќе тече постојано.

Александар Мансиев

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ