Шварцер Блум: Членството во НАТО е гарaнт за безбедноста

Стабилноста и безбедноста раѓаат просперитет и развој, а членството во НАТО е гарант за тоа, порача денеска од воениот полигон Криволак, заменик амбасадорката на САД во земјава, Швацер Блум, каде заедно со министерката за одбрана Шекеринска присуствуваа на вежба на 200 војници од мировните сили на САД во Косово.

„САД се залагаат за идна безбедност на овој регион и сметаме дека механизмот кој што го обезбедува НАТО најдобро може да обезбеди стабилност, а знаеме дека стабилноста и безбедноста раѓаат просперитет, а просперитетот го гарантира развојот. Во исто време сметам дека Македонија ќе биде идна членка на НАТО, а и о тој правец ние даваме поддршка “, изјави Микаела Швацер Блум. заменик амбасадорот на САД во Македонија.

Швацер Блум притоа ги повика граѓаните на Македонија да ја искористат шансата да ја интегрираат државата во НАТО и ЕУ, со тоа да ја обезбедат својата иднина и интегритетот.

И за Шекеринска членството во НАТО е шанса да се стави точка на стравувањата за дестабилизација на регионот, особено поради високата цена која ја платила Македонија од својата независност до денес поради бројните конфликти и војни во соседството.

„Членството во НАТО е шанса да се стави точка на овие стравувања. Без безбедност и стабилна и просперитетна економија тоа не е можно. Очекуваме граѓаните во Македонија во огромно мнозинство да го поддржат нашето членство во НАТО и ЕУ“, изјави Шекеринска.

Шекеринака и Швацер Блум ги посетија војниците на копнените сили на САД за Европа кои од 1 до 20 август тренираат на Криволак, при што министерката информираше дека американската армија дала и сертификат полигон да може да го користат и нејзините воздухопловни сили.

Шекеринска најави поголема искористеност на полигонот не само од АРМ, туку и сојузниците, што освен би влијаело Македонија да стане членка на НАТО, би имало и позитивно влијание врз локалната економија. Притоа таа подвлече дека од една од големите вежбите која што се случувала на Криволак, локалната економија профитирала со четири до пет милиони американски долари.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ