
Откако заедно го прославија, Макeдонија и Бугарија се скараа за Илинден
Откако лани во црквата Св. Спас во Македонија и годинава во Благоевград во Бугарија заедно го одбележаа Илинденското востание, бугарската и македонската влада повторно се сопнаа на историјата и тоа на токму на Илинден. Толкувањето на тоа чие е Илинденското востание, повторно на површина ги исфрли несогласувањата меѓу двете страни.
Аналитичарот Владимир Божиновски е на став дека и во Бугарија, но и во Грција, кога сакаат да се прикријат внатрешни превирања се вметнува прашањето за Македонија, со цел да се пренасочи интересот на јавноста. Божиновски вели дека во моментов во Бугарија тоа е искористено за препукување меѓу власта и опозицијата.
- „Сега проблемот е што и нашата владеачка структура некако многу непсретно се справува со овие работи и на некој начин го продлабочува проблемот и им дава дополнителен аргумент, во овој случај на Бугарија, да продолжат со таа реторика“, смета Божиновски.
Тој смета дека историските прашања можат да бидат злоупотребувани од страна на Бугарија во делот на нашето евроинтгерирање, се додека не се постигне усогласување на ставовите меѓу двете земји и тоа на ниво на правници и историчари.
- „Со цел да се постигнат одредени ставови кои што ќе се усогласат со бугарската страна, и кои што, на некој начин, и двете страни ќе бидат обврани да не ги поменуваат. Да не се случи поради тоа што нешто не е добро дефенирани Бугарија еден ден да не блокира“, вели Божиновски.
Инаку Македонија и Бугарија со заедничка комисија ќе ги решаваат отворените историски прашања. Прв состанок таа го имаше во јуни во Бугарија, а следниот е закажан во октомври во Македонија. Од македонската страна во Комисијата има пет историчар. На прашање на Телма за коментар околу последните случувања околу Илинденското востание, од Комисијата велат дека не коментираат изјави на политичари, со став дека политичарите треба да се воздражат од изјави оти така само ги усложнуваат работите.
За историчарите пак Илинденското востание е македонско и во никој случај не може да се смета за бугарско. Далибор Јовановски вели дека никој не може да им спори на Бугарите да си го славата Илинденското-преображенско востание, но оти тие забораваат дека токму 2 Август е избран за ден на создавање на Македонската држава.
- „Прашањето е: Ако Илинденското востание е чисто бугарско зошто македонските партизани го одбраа токму 2 август за ден кога ќе биде оджано Првото заседание на АСНОМ и да биде создадена современата македонска држава“, вели историчарот Јовановски.
Првиот Илинден во 1903, вели Јовановски, е македонско востание.
- „Во ниту еден акт на ниту на Македонската револуционерна организација, ниту на востаниците, никаде не беше споменато припојување кон Бугарија или како што се милува да се каже, кон мајка Бугарија. Целта беше создавање на автономба македонска држава“, подвлекува Јовановски.
Тој не е оптимист дека ваквите историскии прашања можат да се решат на маса, со комсии кои ќе ја ревидираат историјата.
- „Проблеите ќе се решат оној момент кога ќе престане да се негира македонскиот идентитет“, додава Јовановски.
Македонските историчари, вели Јовановски, никогаш не го негирале правото на другите да ја толкуваат истријата како тие сметаат дека треба, туку дека тоа право секогаш и било оспорувано на македонската страна.
Тамара Грнчароска