
Заев апелира да се тргне популизам од релациите меѓу Македонија и Бугарија
Политичките интереси и голиот популизам да се тргнат од соработката меѓу Македонија и Бугарија, побара денеска македонскиот премиер Зоран Заев, како одговор на реакции кои стигаат од Бугарија по неговата изјава дека Илинденското востание е македонско.
- „Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам или она што навистина не предизвикува да бидеме недоволно внимателни, затоа што договорот за пријателство соработка и добрососедство го потврди тоа преку нашите потписи таму, но треба тоа да го нагуваме да го доградуваме“, изјави Заев.
На прашањето – „Ќе се договорите ли за тоа чие е Илинденското востание?“, Заев одговори:
- „Значи ние веќе одбележуваме дел од нашата заедничка историја. И тоа е дел од нашата заедничка историја“.
Тој притоа побара политичарите, историчарите, експертите да бидат внимателни и да придонесуваат кон заедичко пријателство.
Последна во низата реакции кои стигнаа од Бугарија беше таа на бугарскиот претседател Румен Радев, кој изјави дека не слушнал оти Заев се извинил за изјава за Илинденскотот востание и побара анекс на Договоро за добрососедство.
- „Преку „Фејсбук“ не е извинување. Заев посочи дека направил грешка, но не ги исправи зборовите. За мене, не е објасниво некој да каже дека бугарската влада не реагира така како што треба да реагира. Според мене, недозволиво и неприфатливо е евро-атлантската перспектива на Македонија да биде ставена пред бугарската историја, идентитет и суверенитет. Не може долгорочните интереси на Бугарија да се жртва на политичкиот маркетинг“, порача Радев.
Радев смета дека Бугарија ги има сите причини да додаде анекс на Договорот за добрососедството и клаузула за вметнување на 35 поглавје во преговорите меѓу Македонија со ЕУ, кое ќе се однесува на исполнување на Договорот за добрососедство.
Заев во одговор до Радрев рече дека тој е внимателен.
- „Јас сум внимателен човек и правам се да градам пијателство. Гледате дека моите суети ги ставам на страна и сакам искрено да градам пријателкство“, рече Заев.
Според Заев Договорот за добрососедство е алатка која ги затвори отворените прашња меѓу двете земји, но тој мора да се негува и надградува. Притоа тој го повтори ставот дека не е во ред да се заборави колку Бугарија и помогнала на Македонија во ЕУ и НАТО и се бореле за неа.
Во она што деновиве се случуваше на релација Скопје – Софија лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е на став дека Договорот со Бугарија, како и оној со Грција покажува оти постојат затскриени опасности на ваквите договори со соседите.
- „Станува збор за уште многу работи, затскриени опасности, кои што се провлекуваат во изминатиот период, на кои што ВМРО-ДПМНЕ апелираше. За една таква опасност пред некој ден бевме сведоци кога премиерот беше ставен во една многу незгодна ситуација да мора да се зивинува“, изјави Христијан Мицскоски.
Според Мискоцски тоа е резултата на егзибиционистичката поитика на владата во изминатите 15 месеци.
Тамара Грнчароска