Изиграни од газдите, стечајците во страв дека ќе ги извиси и државата

Штипските стечајци кои добија негативни решенија за месечен паричен надоместок се гневни и револтирани. Денеска повторно се собраа за да се информираат за законските измени. Станува збор на речиси 180 стечајци кои се одбиени за месечен  надоместок, а со образложение дека самите ги напуиштиле фирмите во кои работеле. Но тие велат дека отказите не ги добиле по своја волја, туку има и случаи во кои што нивните поранешни работодавци им ги фалсификувале потписите.

Првиот човек на штипските стечајци вели дека надеж има со измените во Законот за стечајци, а кои треба да се донесат до крајот на август.

Во Штип со стечаен надоместок земаат вкупно 270, а околу 180 стечајци треба да ги почекаат измените.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ