Ребаланс на буџет на општина Охрид

Со ребалансот на буџетот, што неодамна го усвои советот, општина Охрид изврши дислокација на средства во повеќе области, со цел, како што објаснија од локалната самоуправа, реализација на  проекти, кои се важни за градот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека со ребалансот на буџетот се кратат милионски суми предвидена за реализација на капитални проекти. Општината демантира.

„Скратени се средства за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води како и за системи за водоснабдување во висина од 10 милиони денари“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во програмата за уредување на градежно земјиште се додадени дополнителни 34 милиони денари. Дополнително со ребалансот предвидени се средства за експртопријација на земјиште, судски решенија и враќање на стари долгови и кредити, за што од доаѓањето на власт на актуелната локална самоуправа до сега се исплатени 80 милиони денари, појасни Георгиески.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ