
Не секој полицаец носи полициска значка
Полициска значка со број кој е единствен и уникатен за секој полицаец. Ни ја покажа претседателот на независниот синдикат на полицијата.
Но на улица има и помлади полицајци од новите генерации кои ја вршат должноста со постарите колеги иако обврската им е секогаш со себе да ја носат значката.
Од МВР признаваат дека има полицајци без легитимација, но велат дека во тек е изработката на полициски легитимации за сите оние кои се во сината униформа. Полицајците мора да дадат две слики, лични податоци, но и која крвна група се- а сето тоа се запишува на легитимацијата.
„Вообичаено се доставува групно барање за сите нови полицајци кои се распоредени во некој Сектор за внатрешни работи и за нив се изработуваат легитимации со она темпо како пристигнуваат барања за нивно изготвување. До 07.08.2018 година изготвени се 500 службени легитимации, а изработката на останатите е во тек“.
Од независниот полициски синдикат апелираат до сите старешини да бараат легитимации за полицајците. Најголем дел од полицајците без значка и легитимација се во сообраќајните контроли или како пропратен тим на пајак службата. Секој граѓанин при полициска интервенција или активност кон него, има право да побара од полицаец да му се легитимира.
Миомир Серафиновиќ